Свет

Вистинска војна во Турција: Над 20 мртви, луѓето масовно бегаат од своите домови…

Ескалација на југоистокот на Турција – луѓето масовно бегаат од градот Дијарбакир, преку 20 мртви во вооружените пресметки на курдските бунтовници и турските безбедносни сили.

Ситуацијата на просторот на Дијарбакир, град на југоистокот на Турција со мнозинско курдско население се влошува од ден во ден.


Според последните информации кои ги пренесуваат некои од најголемите турски медиуми, цивилите масовно бегаат од градот откако во последните улични вооружени престрелки помеѓу курдските бунтовници и турските безбедносни сили биле убиени 23 лица – 20 курдски борци и тројца припадници на турските безбедносни сили.


Жестоките вооружени престрелки продолжија во текот на вчерашниот ден на просторот на Дијарбакир. Полицискиот час во траење од 24 часа вчера бил проширен во уште пет градски квартови во Дијарбакир.

Истовремено продолжуваат престрелките и во градот Чизре кој се наоѓа во близина на границата со Сирија, каде што според извештаите на турската војска, во текот на вчерашниот ден биле убиени 11 припадници на курдската бунтовничка организација ПКК.

Поврзани вести

Back to top button