Витанов: Паразитите на ДУИ не чинат 50 милиони евра, сега Бесими бара пари од оние што најмногу работат за да ги нахрани
„Паразитите на ДУИ што се вработија во администрацијата, а не доаѓаат на работа, нè чинат 50 милиони евра и сега Бесими ќе бара пари од оние што најмногу работат за да ги нахрани паразитите. Тоа е воен данок од 2001 година“, вели бившиот заменик-министер за економија и експратеник, Зоран Витанов за а1он.мк.
Македонија е дно, нè водат луѓе што се дно, но да бидам искрен до крај, дно луѓе ги избираат луѓето што се дно. Со оваа таканаречена даночна реформа тој што креира нова вредност го казнуваат затоа што креира нова вредност. Не е крив Бесими, луѓето го гласаат, а вие го тинтрите. Му текнало сабајле на Бесими ајде ќе правам реформа, вели Витанов.
Тој прашува зошто власта не земе данок од банкарскиот сектор, кој во Македонија прави нето-профит од еден милион евра, туку од обичните граѓани, кои успеале да стигнат до пристојна заработувачка во ИТ-секторот.
„Како можеш со криминалци да зборуваш за економија? И сега криминалец ни носи закон за економија и ние го третираме како реформатор? Штом некој зема плата, а не доаѓа на работа, тој краде. Јавноста покажа дека не ја интересираат економија и правда. Мене не ме интересира јавноста, само семејството. Јас сум обичен човек, кој одлучл да живее во квазидржава и покрај тоа што знае каква е. Но, јас сум оптимист сè уште поради моите деца. Идентитетот ми е Македонец и јас живеам во Македонија, каде што се чувствувам на своето. Или ќе се избориме против таквите или ние не ни заслужуваме држава. Ако ние не ги користиме слободата и правото да кажеме што мислиме, ние не заслужуваме ништо. Ние го охрабруваме паразитот, ние имаме паразити на власт. Паразити ни прават економска реформа“, коментира Витанов.
Повеќе на а1он.мк.