Избор на уредникотСвет

Од 2020 Германија ги отвора вратите за работници од земјите што не се членки на ЕУ

Германската влада на својата седница во средата го прифати законот за доселувањето на стручната работна сила кој од 2020 година би требало да овоможи и вработување на квалификувани работници од земјите коишто не се членки на Европската унија.

„Овој закон доаѓа во вистинско време, бидејќи стопанството мака мачи со недостигот од стручни работници. На Германија и’ се потребни работници од странство“, изјави по седницата на министерскиот кабинет министерот за внатрешни работи од конзервативната баварска Христијанско-социјална унија (CSU).

Министрите за економија и за труд, Петер Алтмаер од Христијанско-демократската унија (CDU) и Хубертус Хејл од Социјалдемократската партија на Германија (SPD) го пофалија новиот закон оценувајќи дека ќе прижи „праведни шанси и ќе воведе јавни правила“ во политиката на доселување на стручната работна сила.

Министерот Алтмаер изјави дека станува збор за „историски момент“ во кој Германија го променила начинот на размислување кога станвуа во прашање доселување. „Ние зад себе ја оставаме идеолошката расправа за доселувањето којашто траеше 30 години“, изјави министерот за труд, алудирајќи на долгогодишното одбивање на политичките фактори во Германија земјата да се прогласи доселеничка.

„Демографските промени и дигитализацијата го ставаат германското стопанство пред големи предизвици. Уште сега на Германија и’ недостига околу 1,2 милиони стручни работници“, рече министерот Хејл. Тој нагласи дека условите за доселување и натаму се високо и дека се насочени на подобра интеграција на странските работници. Така, на пример, покрај стручното образование од пресудна важност ќе биде и познавањето на германскиот јазик.

„Нема да има доселување во германските социјални системи“, порача министерот Зехофер чијашто CSU на чиешто чело беше до неодмана беше жесток противник на неконтролираното доселување и политиките на отворени граници на канлцерката Ангела Меркел и се закануваше со растурање на владејачката коалиција.

Една од најважните новини за идните доселеници е укинувањето на правилото според коешто странскиот работник смее да биде вработен единствено доколку работодавачот докаже дека за пополнување на работното место не пронашол соодветен работник од Германија или од Европската унија.

Според новиот закон, градовите и општините имаат право во иднина да реагираат на движењата на пазарот на трудот и сходно од потребите да ги зголемуваат или намалуваат критериумите за вработување на работниците коишто не доаѓаат од земјите членки на Европската унија.

Судирот меѓу партиите во владејчката коалиција на демохристијаните и социјалдемократите најмногу се водеше околу прашањето на третманот на лица на коишто им е одбиено барањето за азил, но поради неможноста од проторување веќе со години се наоѓаат во Германија и коишто делумно се интегрирани на пазарот на трудот. На овие лица, меѓу кои многу жители на западен Балкан, со одредени услови, како што е познавањето на германскиот јазик и добрата интеграција на пазарот на трудот, ќе им се овозможи трајно вработување врз основа на новиот закон за доселување на стручните кадри.

Поврзани вести

Back to top button