Промената на границата меѓу Косово и Србија ќе влијае врз Босна и Македонија
Ако Косово не добие место во ОН, има мали шанси да се постигне договор помеѓу Белград и Приштина, рече поранешниот американски дипломат Џејмс Хупер.
Тој оценува дека конечниот договор меѓу Косово и Србија треба да го промени односот на Косово со САД и ЕУ во позитивна смисла, но исто така забележува дека САД не се оние што беа кон крајот на 1990-тите.
„Не се работи само за односите меѓу Косово и Србија. Затоа, навистина сакам да испратам порака дека народот на Косово треба внимателно да го разгледа ова бидејќи станува збор за идни односи со САД и Европа“, рече Хупер во интервју за Радио Слободна Европа (РСЕ).
Според него, постои голем ризик дека промената на границата меѓу Косово и Србија ќе влијае врз Босна и Македонија, и затоа е толку важно ова прашање да се разгледува од поширока перспектива.