Македонија

Голема акција на полицијата во Струга: Паднаа високи функционери поради дрога

Широката полициска акција која почна пред три дена претставува еден од најтешките удари против криминалните банди во струшкиот регион.

Извори за Алсат М велат дека неколку лица веќе се уапсени, а меѓу нив е и еден полициски службеник. Операцијата била насочена кон дилери на дрога и според првичните информации тие биле следени со истражни мерки и прислушувани.

Според информациите, биле барани лицата со иницијали Х.Р и М.К. Според информациите, по лицето Х.Р се уште се трага, а лицето М.К кој е осуден за убиство и кој требаше да служи казна, веќе е во рацете на полицијата. Тој бил уапсен во стан во Струга. За скандалот да биде уште поголем, двајцата кои се познати како дилери на дрога кај локалните жители, според досега неофицијални информации имале поддршка и од директорот на затворот во Струга каде дилерите требале да одлежат затвор. Тие лица подолго време слободно продавале дрога.

Како што дознава Алсат М од свои извори, директорот на затворот во Струга, Арменд Шаќири и еден полициски инспектор за кој се претпоставува дека е роднина на еден од дилерите, не само што го прекршиле законот и овластувањата со тоа што ги оставиле на слобода трговците со дрога, туку и ги информирале за движењата на полицијата. Првичните информации говорат дека еден од дилерите повторно успеал да избега, а неговата ќелија во затворот останала празна.

Сега, директорот на затворот Арменд Шаќири треба да се соочи со кривична пријава за злоупотреба на должноста. Во меѓувреме во низата контроли во селото Ливада и Велешта е пронајдено и оружје и наркотични средства.

Извор: Alsat M

Поврзани вести

Back to top button