ВИДЕО: Пронајдено телото на актерката Адеа Шабани
Македонската актерка Адеа Шабани(25), која исчезна пред повеќе од еден месец во Калифорнија каде што студираше актерство била пронајдена мртва. Семејството и полицијата за нејзиното пронаоѓање или било каква информација понуди и 25.000 долари.
Според информациите на полицијата, Шабани била пронајдена во свежо ископан гроб, на околу 80 километри од Сакраменто, во Јужна Калифорнија. Телото било пронајдено минатиот четврток, но жртвата е идентификувана вчера.
Шабани последен пат била видена жива на 23 февруари околу 11 часот, помеѓу булеварот Холивуд и авенијата Френклин, во близина на нејзиниот дом. Влезната врата од нејзиниот апартман, тврдат нејзините пријатели, не била заклучена.
Викендов и момчето на Адеа, 33-годишниот Крис Споц, бегаше од полицијата и си пукаше во главата. Истовремено, медиумите пишуваа дека полицијата има сведок кој видел како македонската актерка била насилно турната во багажникот на автомобилот на Крис.
Шабани пред две години ја напуштила Македонија за да студира актерство во Лос Анџелес.