ВИДЕО: Го победила ракот иако докторите и кажале дека има само три проценти да преживее
Ами Браун (54) мајка на седум деца и ѕвезда од документарниот филм “Alaskan Bush People ” од Discovery Channel, доживеала вистинско чудо. Таа го победила напредниот рак на белите дробови иако докторите во еден момент и давале само 3% шанси за да преживее.
Таа поминала низ тешки терапии со зрачење и хемотерапија, се претворила во “коска и кожа”, но таа со сета сила се борела против оваа страшна болест.
Дијагнозата која ја добила во јуни 2017 година, претставувала стрес за целото семејство.
Таа кажува дека чувствувала дека нешто не е како што треба, посебно откако болките во грбот почнале да стануваат интензивни. На почеток мислела дека станува збор за артритис.
Откако дознала од што боледува, заедно со своето семејство, од дивината во Алјаска каде што живееле, се преселиле во Калифорнија. Таму неколку месеци немоќно лежела во креветот, тежината и се намалила на 35 килограми. Сопругот и нејзините деца не се одвојувале од неа.
Во декември таа почнала да се чувствува подобро. Докторите ја прегледале и и кажале дека ракот е излечен. Тоа било на 21 декември. Тие го добиле најубавиот божиќен подарок.
“Докторите беа шокирани, исто како нас. Со подобра и редовна исхрана почна да и се враќа тежината, сега има 47 килограми” кажува нејзиниот сопруг Били.
“Сеуште сум слаба и изморена, малку ми е лошо, но полека почнувам да се движам низ куќата. Последниот третман го добив на 7 Декември и треба да помине еден месец за болката да престане” кажува оваа храбра жена.
На Алјаска ова семејство дошло да живее буквално без ништо. Полека ја граделе куќата од тоа што го наоѓале во природата, шумата и околната дивина. Првите соседи им биле мечки. Нивната цел била да изградат свој град – Browntown.
Ами направила своја градина во која садела зеленчук, тоа ја опуштало.
Вака изгледал нејзиниот живот. Ова е една од многуте епизоди на Discovery Channel