Чудотворниот лек против рак – отров кој може да ве убие пред да ве излекува
Витаминот Б17 кој се наоѓа во коските од кајсијата е се популарен алтернативен лек против рак, но експертите предупредуваат на неговата токсичност и опасноста од негово конзумирање.
Алтернативните методи за лекување на ракот често претставуваат последна надеж да се спаси нечиј живот, особено кај болните од рак чија фаза е доста напредна. Поради тоа, чудотворните методи се доста популарни, а една од нив е и лекувањето со помош на витаминот Б17 кој сеуште се нарекува amygdalin или laetrile. Овој витамин за прв пат е откриен во горчливиот бадем, а подоцна и во коските на блага кајсија, благодарение на хемичарот Ернст Т. Кребс.
Витаминот Б17 се состои од една молекула на бензалдехид, 1 молекула хидроцијанид (HCN водороден цијанид) и две молекули глукоза (шеќер). Бензалдехидот и цијанидот се отровни елементи, а застапниците на овој третман против рак тврдат дека овие токсични елементи се насочени за уништување само кон малигните клетки. Но, научниците предупредуваат дека цијанидот во таквиот вид на лек може да го убие пациентот пред тоа да се случи како последица од самата болест.
Семки од кајсија можете да купите насекаде, а повеќето продавачи кои ги препорачуваат како лек против рак велат дека дневно треба да се конзумираат од 10 до 20 семки за спречување на ширењето на ракот, што е дупла доза од тоа што е потврдено дека е смртоносна за здравиот човек. Кај пациенти, лекувани со хемотерапија и со ослабен имунитет, дури и таа доза може да биде фатална.
Според научниците, доколку веќе се користат семки од кајсија, тогаш максималната доза би требало да биде помала од половина голема семка дневно – пишува Daily Mail.