Во соседна земја фрлени 15 тони осиромашен ураниум – 33.000 се разболуваат од рак секоја година
„Во бомбардирањето на НАТО на Србија во 1999 биле употребени меѓу 10 и 15 тони осиромашен ураниум, што предизвика голам еколошка катастрофа“, тврди Срѓан Алексиќ, српски адвокат кој го предводи правниот тим, во кој има и адвокати од ЕУ, Русија, Кина и Индија.
„Во Србија, 33.000 луѓе се разболуваат поради ова секоја година. Тоа значи по едно дете на ден“, тврди адвокатот.
Прес службата на НАТО соопшти дека е свесна за тврдењата на Србија, но дека нема коментар.
За тоа зошто Србија решила да го тужи НАТО 19 години по нападот, адвокатот вели дека „имајќи ги предвид страшните последици за нашата популација… никогаш не е доцна да се тужи некој што предизвикал еколошка катастрофа, некој што ја бомбардираше Србија со квази-нуклеарно оружје, односно со осиромашен ураниум“.
Српскиот адвокат тврди дека 19-те земји кои биле дел од НАТО во тоа време треба да платат компензација за „материјалната и нематеријалната штета за сите граѓани кои умреле или се разболеле како докажан резултат од бомбардирањето на НАТО“.
„Очекуваме членките на НАТО да обезбедат третман за нашите граѓани кои боледуваат од рак“, вели Алексиќ, додавајќи дека блокот „мора да обезбеди и неопходна технологија и опрема за да се отстраната сите траги од осиромашен ураниум“ во Србија.
„Употребата на забрането оружје“ од страна на воената алијанса предводена од САД на Балканот „беше прекршување на сите меѓународни конвенции и правила за заштита на цивилите“ од такви оружје, вели адвокатот, истакнувајќи дека НАТО користел осиромашен ураниум и во Ирак во 1991 година.
Во својот извештај од 2000 година за осиромашен ураниум, НАТО потврди дека користеле таква муниција и во Ирак и на Балканот.