ЖивотИзбор на уредникот

Храна која спречува рак, инфаркт и дебелеење

Секојдневната исхрана вклучува многу брза, обработена и генетски модифицирана храна, што на нашиот организам му создава дополнителен напор таа храна да ја обработи.

Таквата храна е нутритивно сиромашна, но притоа соджи многубројни штетни состојки кои создаваат дисбаланс во pH вредноста на нашиот организам.

За човековиот организам идеална е алкалната средина, а консумирањето на ваква храна создава кисела средина, која значително го ослабува нашиот имун систем.

Ова се најдобрите алкални состојки кои можете да ги конзумирате за да постигнете баланс:

1. Маслиново масло, диња, ленено семе, блитва, морков

-Маслиновото масло е богато со витамин Е и монозаситени масни киселини.

-Дињата е одлична алкална состојка со Ph вредност 8,5. Содржи 92% вода и е богата со влакна, па одлично го чисти дебелото црево.

-Лененото семе е богато со влакна и витамин Е. Исто така ги намалува топлотните бранови при менопауза.

-Блитвата ги спречува осштетувањата предизвикани од слободните радикали.

-Морковот е богат со бета каротен и го подобрува видот

2. Манго, кисела зелка, ананас, краставица, грејпфрут, магдонос

-Мангото помага при чистењето на дебелото црево.

-Киселата зелка е богата со пробиотски бактерии.

-Ананасот е одличен за слабеење.

-Краставицата содржи 90% вода, па идеално го хидрира телото.

-Грејпфрутот е добар извор на повеќе витамини.

-Магдоносот го прочистува дигестивниот тракт.

3. Киноа, бобинки, папаја, авокадо, прокељ

-Киноата го регулира шеќерот во крвта.

-Бобинките се одличен извор на антиоксиданси.

-Папајата има лаксативно дејство и го чисти дебелото црево.

-Мангото е богато со монозаситени масти кои го одржуваат здравјето на срцето.

-Бананите се одлична суперхрана.

-Прокељот може да го спречи настанувањето на канцерогени клетки.

4. Луцерка, лук, брокула, морски алги, грозје, спанаќ, лимон

-Луцерката ги доведува хормоните во рамнотежа. Содржи бројни ензими и лесно се вари.

-Лукот поседува многубројни лековити својства, меѓу кои е и регулацијата на крвниот притисок.

-Брокулата сварена на пареа го намалува нивото на холестеролот.

-Морските алги се богати со железо и го алкализираат организмот.

-Грозјето е богато со антиоксиданси и витамини, а го намалува и крвниот притисок.

-Спанаќот е зеленчук најбогат со витамини и минерали.

-Лимонот е богат со витамин Ц, и одличен сојузник во борбата против грип и кашлицата.

Поврзани вести

Back to top button