Живот

ВИДЕО: Голем опасен астероид лета кон Земјата

Голем астероид со пречник од околу еден километар лета кон Земјата, а научниците проценуваат дека спаѓа во категоријата на “потенцијално опасен”..

Но НАСА сепак истакнува дека во блиска иднина нема причина за паника. Кога огромната вселенска карпа, наречена 2014 ЈО25, ќе прелета покрај Земјата на 19-ти април, најблиската точка на која ќе се најде до Земјата ќе биде на околу 1.87 милиони километри оддалеченост.

Но, ова сепак ќе биде најблиско прелетување на 2014 ЈО25 до Земјата во последните 400 години. Толку блиску нема да ни дојде повторно во наредните 480 години, иако уште едно приближување се очекува во пролетта во 2091.

Толку многу астероиди нема да видиме со години

Експертите не предвидуваат волку близок допир на астероид со волкави димензии во наредните 10 години. Карпа со слична големина, со пречник од околу 800 метри, ќе и’ се доближи на Земјата во август во 2027-мата.

Како што сугерира името, астероидот го открила астрономната опсерваторија  Mt. Lemmon во 2014-та година.

За потенцијално опасни астероиди (PHA) се сметаат астероидите поголеми од 100 метри кои на Земјата и се доближуваат на оддалеченост помала од 7.500.000 километри, што значи на околу 19,5 оддалеченост помеѓу Земјата и Месечината, односно 0,5 оддалеченост меѓу Сонцето и Земјата. Ако удри во копно, вака големиот астероид претставува закана за регионално уништување како што не е запаметено во историјата на човештвото. Доколку падне во море, може да предизвика огромни цунами. Судари на вакво вселенско тело со Земјата во просек се случуваат еднаш во 10.000 години.

Астрономите истакнуваат дека 2014 ЈО25 е сјаен објект, со апсолутна магнитуда од 18,1 што значи дека ќе биде еден од најдобрите цели за набљудување во 2017-та година. Најдобро време за да се види е после 19-ти април, кога астероидот ќе започне да се оддалечува од Сонцето.

“Астероидот ќе биде многу блиску до Сонцето се до 19-ти април, по што ќе се постави поволно за набљудување. Не очекуваме дека ќе го откриеме периодот на ротација пред радарот бидејќи објектот ќе биде или веќе е премногу блед поради близината до Сонцето”, пишува порталот Asteroid Radar Research.

До почетокот на април беа откриени 1.786 потенцијално опасни астероиди, меѓутоа, ниту еден од нив не е на пат кон судир со Земјата.

Поврзани вести

Види и...
Close
Back to top button