Паника во Европската Унија: Терористите пристигнуваат преку Балканот!
Безбедносните служби во државите на Европската Унија се ставени на готовс поради големиот број на терористи кои што преку Балканот пристигнуваат од Сирија и Ирак.
Полициските сили и останатите безбедносни служби во земјите на Европската Унија се ставени на максимално ниво на подготвеност поради закана од нови терористички напади на исламските екстремисти кои што поради поразот, ја напуштаат Исламската држава во Сирија и Ирак и преку „Балканската рута“ настојуваат да пристигнат на Запад.
Ова го пренесува италијанскиот весник „Република“ каде што се вели дека „Европската Унија ги блиндирала своите граници“, посебно откако на париски аеродром беше убиен исламски екстремист кој нападнал припадници на безбедносните служби.
Италијанска „Република“ пренесува дека сите безбедносни сили во ЕУ се во состојба на највисока подготвеност, а тоа посебно се должи и на Италија каде што на 25-ти март во Рим ќе пристигнат шефовите на државите и владите на земјите од Европската Унија и ќе биде одбележана 60-годишнината од основањето на Унијата.
Поради губењето на териториите, многуте тешки порази во најголемите упоришта во Сирија и Ирак – градовите Рака, односно Мосул, лидерите на Исламската држава ги испраќаат своите борци во Западна Европа каде што треба да „удрат на Европа одвнатре“.
Италијанскиот весник укажува и на тоа дека таканаречениот Калифат на Иламската држава меѓу исламистите шири пропагандни пораки пред се на интернет, каде што се порачува дека џихадистите „мора да сеат смрт на Запад и да убиваат каде и да им се укаже шанса за тоа“.
„Република“ се повикува и на извори од разузнавачките служби и пренесува дека има „се повеќе знаци дека разбиени делови на екстремистите од Ирак и Сирија настојуват да се вратат во Европа, движејќи се првенствено преку балканските патишта каде што можат да сметаат на старата и новата поддршка“.
„Тие себеси се сметаат за следбениците на Хиџра, светото заминување на пророкот Мухамед од Мека во Медина во 622-ра година кое што му овозможило да побегне од непријателот и повторно да ги собере своите луѓе“, стои во извештајот на италијанска „Република“.
Како што е наведено во весникот, тоа биле борци кои што не сметаат дека доживеале пораз и веруваат во верската задача, а станува збор за борци кои што имаат искуство од повеќемесечните војни и се подготвени на се.
Анализите на разузнавачките служби покажуваат, заклучува римскиот весник, дека екстремистите воопшто не се плашат од тоа да го загубат животот, а доколку немаат огнено оружје, тие посегнуваат по ножеви, а од неодамна познато е дека во намерата да убијат што е можно повеќе цивили користат и автомобили и камиони.