ВИДЕО: Храбриот Србин скокна пред ножот и спречи трагедија
Србинот Милован Богуновиќ (45), со потекло од Босна, си поигра со сдбината и стана славен во Германија каде се најде на насловните страни откако во градот Гитерсло скокна на напаѓачите и со нож ги спречи да му зададат смрт на човекот кој веќе беше тешко ранет.
Милован Богуновиќ веќе 24 години живее во делот во Северна Рајна – Вестфалиј, во градот Ред-Виденбрик, а јунак стана откако судбината тој ден го однесе во општинскиот катастар.
„Каква е таа бука“, се запраша Милован кој кобниот ден отиде во катастарот, и минута подоцна се најде на местото на можната трагедија, каде како што самиот посведочи, се нашол човек чија глава била облиена во крв.
Во меѓувреме на крвавото место стигна и полицијата, а вработените напаѓачите ги заклучи во канцеларијата. Тешко ранетиот веднаш беше префрлен во болница и животот му беше спасен благодарение на Милован кој напаѓачот го треснал со вратата од канцеларијата и ранетиот човек го извлекол од ходникот.
Милован, инкау, е оженет со Германка со која има три деца, и ја извлече жртвата која беше во животна опасност во ходникот.