ЖивотИзбор на уредникот

Запознајте ја мајката на детето со посебни потреби

Посветено на сите “посебни” мајки кои имаат дечиња со “посебни” потреби.

Сигурно сте слушнале за децата со посебни потреби. Дозволете да речам-најапсурдниот термин што се користи. Ете, тие деца имаат и мајки. Посебни мајки.

Тоа е онаа мајка која ја гледаш разочарано додека детето се труди да и се оттргне од рацете, а ти си мислиш дека таа не го приметува твојот поглед. Но го приметува.

Нејзиното дете има посебна потреба да ги види нештата, да ги чуе, да разбере, да трча и скока.. Но не може да го направи тоа. Таа те гледа кога ти го повлекуваш твоето дете за ракавот и му шепнуваш да се тргне од нејзиното дете. Таа те гледа и кога се преправаш дека не ја гледаш додека се возите заедно во автобусот. Те гледа и те слуша кога му благодариш на Бога што не е си на нејзиното место. Таа гледа се но се прерава дека не гледа ништо.

Таа внимателно го одбира подарокот за детето на нејзините пријатели. И се прашува, зошто нејзиното дете не може да чита од таа прекрасна книга или зошто нејзниното дете не може да трча во тие преубави чевли.

Таа одамна не чувстува замор. Неа одамна не ја заболело глава. Постигнува да направи се не заборавајќи се да се насмее иако знае дека нејзината единствена причина за насмевка во еден момент, за едно нешто се измачува.

Таа го сака сексот. Не го потценува животот. Се чини, таа е човекот кој што во вистинска смисла на зборот знае да се радува на малите нешта, на малите успеси што останатите родители не ги ни приметуваат кај нивните деца туку ги сметаат здраво за готово.

Таа знае да се радува само на еден поглед, само за еден чекор, само за едно движење, само за една насмевка, само за еден глас…

Таа не плаче ( не се важи оној момент кога ќе ја сврти славината на чешмата и ќе ја пушти водата да тече за да произведе толку гласен звук кој ќе го прикрие нејзиниот плач )

Тешко е да ја скршиш. Таа не го презира сопругот затоа што премалку заработува.

Сепак, таа е најубавата и најсредена жена кога ќе се сретне со нејзините пријателки.

Таа гледа низ прозорецот додека трае родителскиот состанок во училиштетот додека учителката говори бидејќи ништо од тоа што го вели не се однесува на нејзиното дете. И ништо од тоа што допрва ќе го каже нема да се однесува на нејзиното дете. Затоа таа останува минута подолго отакако ќе си отидат другите родители.

Таа е истренирана како специјалец. Не и пречи дождот, не и пречи ветерот. Не и пречи топлината. Сака кога се ќе се стиши.

Често се прашува каде погрешила. Често се прашува дали е во ред да верува сеуште во среќен крај. Таа разговара со непознатите како да ги познава цел живот.

Тешко е неа да ја сакаш, но ако ја имаш за пријателка го имаш најдоброто пријателство на овој свет.  Таа не знае кога е доста бидејќи не знае кога е крајот на нејзината борба.
Таа на тебе ти изгледа посебна. Самата на себе си изгледа сосема обична, жена која што ги дели истите интереси како и ти, таа е сосема обична МАЈКА!

Извор: mama365.mk

Поврзани вести

Back to top button