Свет
Војната започна во Турција
Сите канали за комуникација меѓу Турција и бунтовниците од Курдската работничка партија (ПКК) веќе се затворени и нема никаква причина да се прекине вооружената борба, изјави еден од лидерите на ПКК во интервју за парискиот весник „Монд“.
– Затворени се сите канали за комуникација со турската држава. Ние веќе немаме никаков контакт и се враќаме во состојба на војна, истакна Џемил Бајак.
Тој нагласи дека „турската држава веќе не е заинтересирана за преговори или решение, туку за елиминирање на курдското движење“.
Во последните денови турската армија изврши голема операција против ПКК во реон во југоисточниот дел на Турција, кој е главно населен со Курди, при што загинале над 100 лица.