Свет

Војна – Турската армија влезе со тенкови во Дијарбекир?

Турските воени сили влегоа со тешка воена техника во Дијарбекир, лоциран во југоисточниот дел на земјата, на границата со Сирија. Во градот во кој живеат главно Курди, во последно време меѓу локалното население се зголемува незадоволството кон специјалните операции на турските војници.

tenk-turska-tjub

На 1 јануари команда испрати во Дијарбекир тенкови. Против кого ќе бидат искористени тие во рамките на градот, турските генерали не објавија. Локалните жители излегоа на улиците на градот, протестирајќи против армијата на земјата која спроведува акции за “лов” на активисти на забранетата Работничка партија на Курдистан.

Повод за ова беше престрелка на крајот на декември меѓу војската и локалното население, како резултат на која загинаа две деца. Едното беше едвај три месеци, второто – на пет годинки.

Поврзани вести

Back to top button