ВО ЖИВО: Нов крвав терористички напад – на улиците тела заклани од напаѓачите
Најмалку тројца напаѓачи извршиле крвав терористички напад во централен Лондон, во близина на Бороу маркет во градот кој важи за популарно место за ноќни излегувања.
Напаѓачите, според кажувања на сведоци, пирот го извршиле со големи ножеви, долги и по триесет сантиметри, а напаѓале секој што ќе им се нашол на патот.
Како што пишува „Дејли меил“, на улица имало тела од луѓе кои биле буквално заклани од напаѓачите, а меѓу загинатите имало и полицаец. Овие информации засега не се потврдени од полицијата. Лондонската полиција настанот го опиша како терористички чин.
Истовремено најмалку пет лица се повредени на Лондонскиот мост, кога во пешаците влетало комбе управувано од машко лице, јавува BBC.
Новинарка на Би-би-си Холи Џоунс, која се затекнала на мостот за време на ударот, вели дека комбито го возел маж и се движело приближно со 80 километри на час.
– Помина токму пред мене и удри во пет или шест лица – вели новинарката и додава дека на повредените лица им била дадена медицинска помош.
Комбето се движело во насока од централен Лондон кон јужната страна на реката.
Меѓу повредените, според Џоунс, била и Французинка, која ѝ рекла дека не знае каде се другите двајца што биле со неа. Џоунс сведочи и дека човек бил уапсен од полицијата, но нема официјална потврда за тоа.
Голем број полицајци се распоредени на мостот и во блискиот Боро маркет, но засега нема прецизни информации што точно се случува. Мостот е затворен, а јавниот транспорт од овој реон е пренасочен, јавуваат лоднонските медиуми.