Во Велика Британија започна тестирањето на вакцина која го уништува ракот

Објавено: четврток, 3 март 2016 во 09:44
Spread the love

Вакцината која уништува многу видови на рак во завршната фаза ќе биде тестирана во Велика Британија.

Со тестирањето на имунотерапијата ќе биде установено дали вакцината базирана на фрагментите на клучниот протеин на ракот, ефикасно ќе делува и ќе го стимулира имунитетот на организмот да ги уништи нездравите ќелии.

„Со ова ги поместуваме границите кога станува збор за потенцијален третман на ракот”, изјави министерот Џорџ Фриман.

Научниците од Институтот за истражување на ракот во Суреј, собираат пациенти заболени од рак на кои не им помагаат актуелните методи на лечење. Двајца пациенти веќе добија вакцина во рамките на експериментот, кој ќе трае две години.

Имунотерапијата привлекува голем интерес во заедницата која го проучува ракот. Во февруари американските експерти објавија дека виделе одлични резултати при раните тестирања на пациентите заболени од леукемија.