Во Турција уапсени четворица членови на ИД планирале масакар со илјадници жртви

Објавено: четврток, 9 февруари 2017 во 14:14
Spread the love

Турската полиција уапси четворица припадници на групата Исламска држава (ИД), осомничени дека подготвувале „сензационалистички“ напад, јави турската новинска агенција Анадолија.

Осомничените се уапсени во операција изведена во градот Газиантеп, во близина на сириската граница. За време на рацијата запленети се 24 самоубиствени појаси, околу 150 килограми експлозив, две автоматски пушки и други материјали.

Полицијата не ја соопшти националната припадност на осомничените.

Околу 750 луѓе минатата недела се приведени во текот на голема полициска рација во 29 провинции ширум Турција под сомнение дека се поврзани со ИД.

Во Турција минатата година се случија низа напади за кои одговорност презедоа ИД и курдските екстремисти.