Свет

Во САД полесно ќе влезе терорист од Ал Каеда, отколку јас

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, кој сè уште не добил редовна виза за одење во САД на инаугурацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп, вели дека веројатно терорист од Ал Каеда е полесно да влезе во Америка, отколку тој.

Претходно Амбасадата на САД во Сараево го одбила барањето на Додик за добивање на дипломатска виза. Додик, имено, прецизирал дека сè уште не добил виза за заминување во САД и дека никој ништо не го известил, односно дека не знае дали е одбиено неговото барање за виза.

“Во главно, веќе нема време за да ги потврдам авионските карти, да ги уплатам, да резервирам хотел. Одат и други луѓе со мене, тоа не се малку пари. Не можев да прифатам сето тоа да се плати со неизвесност за добивање на виза, а од друга страна, поради тоа трпи и буџетот на РС. Сега ми е жал што воопшто поднесов барање за виза”, рекол Додик. Тој изразил уверување дека со новата администрација ќе има подобар контакт.

“Кога станува збор за овој момент, не сакав да тргувам со интересите на Република Српска, и тоа на некои во Амбасадата на САД во Сараево не им одговараше, и затоа 15 дена чекав виза, што е неверојатно. Веројатно на некој припадник на Ал Каеда му е полесно да влезе во Америка, отколку на мене”, истакнал Додик.

Додик ги известил организаторите на свеченоста по повод инаугурацијата на Доналд Трамп дека, за жал, морал да го откаже најавеното доаѓање во Вашингтон, бидејќи не добил виза за влез во САД.

Поврзани вести

Back to top button