Висок воен претставник на САД тврди: Вонземјаните постојат и ја посетија Земјата
Поранешен американски морнарички офицер, кој во текот на 80-те години на минатиот век извршувал повеќе „истакнати должности во врвот на американската војска“, го потврди она што застапниците на теориите на заговор го тврдат со децении: дека НЛО и вонземјани постојат и дека ја посетиле Земјата.
Пензионираниот офицер од Охајо, тврди дека имал потпишано договор со американските власти со кој до 2014 година се обврзал на молчење за тајните што ги знае, но сега кога тој „завет“ истекол, тој вели дека е подготвен анонимно да раскаже „се што знае“.
– Никогаш не сум видел НЛО, ниту пак вонземјанин, но затоа видов илјадници тајни докуменит кои недвосмилено го потврдуваат нивното постоење, како и доаѓањето на Земјата. За жал, немам никаков доказ за тоа освен сопственото сеќавање и потврдите кои покажуваат дека имав пристап до тајните документи, изјави анонимниот пензиониран офицер за веникот „Експрес“.
Тој, исто така, тврди дека лично познавал неколку лица чија смрт директно е поврзана со вонземјаните, односно со откривањето на тајните околу оваа тема. Сите такви случаи успешно се скриени, вели тој.
– Владата се обидува што подолго да ги крие случаите поврзани со НЛО и вонземјаните, за да се смират страстите и за да не избие скандал. Јавноста заслужува да ја знае вистината и ги добие одговорите, но за тоа многумина платиле со главата, а нивните никогаш не дознале што се случило, тврди офицерот.