Свет

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Жена во црно држи отсечена глава на дете и вика „Алаху акбар“

Московската метростаница е затворена откако во нејзина близина се појавила жена облечена во црно што во раката држи отсечена глава на дете. Жената, наводно, извикува „Алаху акбар“ и се заканува дека ќе се разнесе, пренесоа руските медиуми.

Наводно жената се појавила во близина на метростаницата „Октјабрское поле“ во северозападниот дел на Москва, објави РБК.

Минувачите велат дека е тешко да се утврди дали станува збор за маж или жена, зашто човекот во целост е облечен во црно.

Рано утрово се појавија информации дека полицијата нашла детско обезглавено тело при гаснење пожар во станбена зграда во Москва. Детето имало околу три или четири години, јави Интерфакс, повикувајќи се на свои извори.

Според Лајфњуз, жртвата била девојче, идентификувано како Настасја М. Откако го убила, осомничената жена отишла на метростаницата, каде што била запрена од еден локален полицаец. Таа веднаш ја извадила отсечената детска глава од својата чанта и почнала да вика дека таа го убила детето. Осомничената во моментов е приведена од полицијата, објавија руските медиуми.

Поврзани вести

Back to top button