Македонија

ВИДЕО: Mигрантите се обидоа насилно да влезат во Македонија

Бегалците кои веќе неколку дена се заглавени на македонско-грчката граница кај Идомени, тргнале кон македонска страна од каде преку оградата започнале да маваат кон полицијата со камење, на што било возвратено со димни бомби и солзавец.

Границата е затворена за секаков премин на бегалците.

Бројот на бегалци и мигранти кои ќе останат заглавени во Грција може да достигне 70.000 во следните неколку недели, изјави грчкиот министер за миграција Јанис Музалас.

Претставници на НАТО минатата недела утврдија како бродовите кои веќе се распоредени во Егејското Море, ќе пренесуваат разузнавачки информации и податоци од извидување на турската и грчката крајбрежна стража и на Фронтекс, и како екипите за спасување на НАТО ќе враќаат мигранти во Турција.

Планот е во рамките на договорот меѓу ЕУ и Турција за запирање на приливот на бегалци кои пристигнуваат во Европа.


Поврзани вести

Back to top button