Повеќе од 100 припадници на Курдската работничка партија (ПКК) се убиени или ранети за само еден ден соопшти турската војска.
Оваа бројка на убиени или ранети во еден ден е најголема во изминатите неколку години, јавија британските медиуми.
Војската соопшти дека во судирите „неутрализирала“ повеќе од 100 припадници на ПКК, не прецизирајќи колку се убиени, а колку се повредени.
Повеќето се вратени во северен Ирак, каде ПКК во планинските области има кампови, наведуваат британските медиуми.
Претходно беше јавено дека пет турски војници се убиени, а шест се ранети во судирите со припадниците на забранетата Курдска работничка партиае (ПКК).