ВИДЕО: Вака руските авиони ја бомбардираа Исламската држава

Објавено: петок, 22 јули 2016 во 12:35
Spread the love

Шест руски бомбардери Ту-22М3 извршија воздушен напад во Сирија врз објекти на „Исламската држава“ источно од Палмира и во околината на градовите Ес-Сухне, Арак и Ет-Тејбе во провинцијата Хомс, пренесува РИА „Новости“.

Како што соопшти Министерството за одбрана на Русија, стратешките бомбардери го извршиле нападот во 05 часот по московско време. Цели на воздушниот удар биле командни места, жива сила и техника на милитантите. Засиленото разузнавање во тој регион, вклучувајќи и сателитско, овозможило откривање на новите цели.

Се истакнува дека според информациите од објективната контрола, како резултат на нападот биле уништени две командни места на терористите, жива сила и воена техника на ИД.