ВИДЕО: Путин пее заедно со студентите
Објавено:
четврток, 26 јануари 2017 во 09:32
Рускиот претседател, Владимир Путин на средбата со студентите на Московскиот државен универзитет (МГУ) ја пееше песната „Четиринаесет минути до лансирање“.
Во текот на свечениот собир по повод 25 јануари Денот на основањето на МГУ и Денот на руските студенти, еден студент извади гитара и почна да ја свири таа песна.
Кога студентите запеаја, се покажа дека не ги знаат сите зборови. Путин ги потсети на еден стих, а потоа и тој почна да пее.
Песната „Четиринаесет минути до лансирање“ е посветена на првиот лет на човекот во вселената. Оваа песна е незванична химна на руските космонаути.