Uncategorized

Видео: Орел го колвна Доналд Трамп во главата!

Нов удар за имиџот на американскиот милијардер, кој има намера да се вклучи во битката за претседател на САД од Републиканската партија Доналд Трамп. Списанието “Тајм” извади слики со настан со силно симболичко значење.
Кадрите се снимени минатата година, кога Доналд Трамп беше номиниран за “Човек на годината” од авторитетното издание. Тогаш била снимена фотосесија, на која богаташите позира со американски орел – симбол на САД.

Идејата за тоа била на фотографот Мартин Шолер, кој бил вработен посебно за изработка на фотографии за корицата. Орелот, сепак, бил доста немирен, постојано мавтал со крилјата и дури го колвнал Трамп по главата.

“Како е фризурата ?”, прашал тој потоа. “Не многу добро”, одговорил еден од неговите соработници.

Уште повеќе забано е дека орелот се вика Чичко Сем. Тој бил на 27 години.

Во меѓувреме милијардерот даде интервју за Си Ен Ен по повод изјавата дека муслиманите треба да им се забрани пристапот до САД и острите критики кои ги доби потоа. Трамп, сепак, смета дека идејата му е во корист на муслиманите во САД.

“Им правам добро на муслиманите. Многу мои муслимански пријатели се согласуваат со мене. Тие велат: “Доналд, ти извади на преден план нешто што е толку брилијантно и толку фантастично”, изјави тој.

Тој се пофали дека “едни од најважните луѓе во Блискиот Исток”, чии имиња не ги спомна му се јавиле и му рекле: “Доналд, ти правиш голема работа”.

“Имам многу пријатели кои се муслимани. Тие се феноменални луѓе. Тие се толку задоволни од она што го правам “, рече тој и додаде дека чувството е взаемно.

Според него, планот за привремена забрана муслиманите да влезат во САД бил интерпретиран погрешно и мерката не би останала во сила долго време. “Би можело да помине брзо, но тоа е прашање кое треба да биде разгледано”, објасни тој. Мерката би направила исклучок за спортисти и дипломати.

Според Трамп, пошироката јавност на го критикува за предлогот, бидејќи луѓето ги виделе “овие две животни, кои излегоа и застрелаа луѓе” во Сан Бернардино, Калифорнија.

Поврзани вести

Back to top button