ВИДЕО: „НЛО“ над аеродромот во Мајами

Објавено: понеделник, 25 јули 2016 во 11:25
Spread the love

Низ социјалните мрежи викендов се прошири спектакуларно видео на кое се глаеда како „неидентидикуван летечки објект“ (НЛО) се појавува над небото на аеродромот во американскиот град Мајами.

Како што објави „Дејли Мејл“, на видето јасно се гледа необична сина трага што ја остава „НЛО-то“ на ноќното небо над аеродормот.

Видеото предизвика голема дебата на социјалните мрежи околу постоењето живот на други планети, наводна посета на вонземјани или нивна подготовка за инвазија на Земјата, а секако во дикусиите се вклучија и неизбежните поддржувачи на теориите на заговор.

Сепак на крајот, сите тие останаа разочарани, бидејќи, како што наведува „Дејли Мејл“, се утврди дека „сината трага на небото“ всушност ја оставила ракетата „Атлас“, кој тогаш била лансирана од вселенскиот центар „Кејп Кенеди“ на Флорида.