UncategorizedСвет

ВИДЕО: На видео-снимката од терористичкиот напад го препознал синот и го пријавил

Насхат Милхем 31 годишнио момче од арапскиот кварт во градот Арар осомничен е дека отворил оган во петокот попладнето на луѓето кои седеле во кафич во Тел Авив. Притоа усмртил две а ранил пет лица.

По објавената видео снимка од надзорните камери Милхем го препознал неговиот татко и сам се јавил во полиција. Од тогаш полициските сили трагаат за неговиот син Насхат, но сеуште не го пронашле.

Ја пребарале неговата куќа, ги земале компјутерите и ги ипрашале сите роднини.

Јас сум граѓанин кој го почитува законот. Слушнав што мојот син направи, но не го одгледав на тој начин. Жал ми е. Отидов во полиција да им помогнам на безбедносните служби. Изразувам сочувство кон семејствата на жртвите и посакувам брзо опоравување на ранетите“, изјави таткото на осомничениот Милхем.

Полицијата вели дека примил анонимен повик во кој му е соопштено да провери дали кај него се наоѓа некакво оружје кое го има за работа како стражар во компанојата за безбедност.

Проверил и го открил своето оружје, но потоа сватил дека можеби неговиот син е напаѓачот на кафичот.

Се претпоставува дека напаѓачот имал помош, но, полицијата засега не открива детали за овој случај.

Поврзани вести

Back to top button