ВИДЕО: “Ловците на НЛО” снимиле чудни објекти
Новите сателитски снимки, направени од орбиталната сонда која седум години кружи околу Земјиниот сателит, покажуваат чудни објекти на површината на Месечината.
“Ловците на НЛО” ги проучувале фотографиите и пронашле “формации” со чуден изглед на Месечината. Некои претпоставуваат дека конструкциите кои биле видени на сателитските снимки би можеле да бидат бази на вонземјани.
Според зборовите на уфолозите, НАСА веќе долго време е свесна за тие факти, но агенцијата ги крие информациите од јавноста. Истражувачите исто така откриле необичен триаголен кратер на фотографиите. Јасните линии на кратерот го доведуваат во прашање природното потекло.
Интересно, триаголниот кратер не се појавува на другите фотографии кои сондата подоцна ги направила.
Уфолозите веруваат дека тие снимки фатиле вонземјански брод кој се урнал на Месечината. Истражувачите исто така можеле да видат отпечатоци од стапала кои воделе кон мистериозниот проект, пренесува The Sun.
Меѓутоа, се додава дека причината за ова откритие може да биде и пареидолија, добро позната илузија која прави да гледате необични формации и контури како нешто “поорганизирано”.