Свет

ВИДЕО: ИСИЛ формираше „Исламска полиција“

Снимките ги покажуваат единиците на полицијата на ИСИЛ облечени во темни униформи, а како превозно средство користат современи бели теренци со црвено-сини светла.

Со најновото видео џихадистите на Исламска држава сакаат да дадат до знаење дека сѐ повеќе ја преземаат власта во разурнатата од „арапската пролет“ Сирија, во која сакаат да го прошират својот калифат. Полициските единици на ИСИЛ треба да го одржуваат редот во земјата во која од 2011 година и уривањето на режимот на Гадафи со помош на Западот беснее граѓанска војна и борба за власт на локалните милиции.

На снимката, освен полицајците на ИСИЛ, се гледаат и цивили во секојдневни услови за да се остави впечаток дека градот некако функционира.

Сите припадници на ИСИЛ се со калашњикови и лицата им се покриени со маски за да го заштитат идентитетот. Либиските медиуми неодамна објавија дека во Сирт има голем број странски борци.

Поврзани вести

Back to top button