Избор на уредникотСвет

Вавилонска полиција ги заштитува христијаните во Ирак од бескрупулозните џихадисти

Група христијани во Ирак формирала сопствена полиција како би ги заштитила христијаните од Исламската држава.

Лидерот на “Вавилонската бригада”, како што се нарекуваат, вели дека немале друг избор освен да ги преземат работите во свои раце, кога џихадостите ги нападнале христијаните.

Необележан пат опкружен со големи крстови колку бандери води до мало планинско село каде се наоѓа седиштето на ирачкото христијанско движење т.н. Вавилонска бригада.

lider

100.000 вооружени волонтери

Секаде има полицајци, иако тие повеќе го претпочитаат терминот мобилизирани единици. Без оглед на јазикот, околу 30 вакви единици се појавија во последниве години, а меѓу нив има околу 100.000 вооружени доброволци.

Овие групи се формирани за да се спречи прогресијата на припадниците на Исламската држава преку северниот и западниот дел на Ирак, уште во 2014 година, и тоа не го сочинуваат само христијани, има шиитски и сунитски муслимани.

Рајан Ал Килдаи. лидерот на групата успеал да ја убеди Владата да ги покрие нивните трошоци и резултатот е околу 1,4 милијарди долари годишно. Тоа е околу 600 долари по човек месечно.

Поврзани вести

Back to top button