ЖивотИзбор на уредникот

Уште на првиот состанок му кажала дека има рак- Останатото е приказна за која сите сонуваат

Лијен Барнс дознала дека има рак на дојката на 24 години, а вестите ги споделила со нејзиното момче од Тиндер, мислеќи дека веднаш ќе ја напушти. Но, се случило сосема спротивното.

рак

Лијен Барнс, асистент за продажба од Шефилд, се опишала себеси како жива, весела личност пред дијагнозата за рак да и` го промени животот засекогаш. Таа сега ја надминала болеста и се преселила во стан со нејзиното момче, со кое е во врска од октомври 2014 година.

Еден ден таа почувствувала болка во градите кога почнала да си игра со мачето. Забележала испакнатина голема колку три зрна грашок и веднаш закажала преглед на лекар. Тој на почетокот не бил во паника, со оглед на тоа што Лијен била млада и немала историја на болеста во семејството, но таа имала чувство дека станува збор за нешто повеќе, инсистирајќи веднаш да се направат сите потребни анализи, пишува „Daily Mail”.

Додека ги чекала резултатите, таа отишла на нејзиниот прв состанок со Том (28) кој го запознала на Тиндер и со кој се допишувала веќе неколку недели.

„Му реков дека можеби имам рак на дојката. Тогаш тоа не ми изгледаше реално, но се потрудив да бидам позитивна“, раскажува таа.

рак1
Само пет дена подоцна, таа добила вест дека сепак има рак, а на преглед отишла со пријателка, со оглед на тоа што нејзините родители биле во Шпанија. Специјалистот и` рекол дека следува операција, хемотерапија, радиотерапија и веројатно замрзнување на нејзините јајцеклетки, во случај радијацијата да влијае на нејзината плодност.

„Тоа звучеше застрашувачки, а поради некоја причина не можев да престанам да мислам на мојата коса. Имам долга руса коса, а помислата дека ќе ја изгубам тогаш ми беше застрашувачка.“
Лијен чекала 10 дена пред да им каже на родителите, бидејќи не сакала да им го уништи одморот. Два дена после дијагнозата, повторно се видела со Том и му кажала што се случува.

„Му реков дека доколку веќе не сака да се гледаме, тоа ќе биде сосема разбирливо, но тој не сакаше да се откаже.“

рак2

Еден месец после дијагнозата таа била оперирана, а биле потребни шест месеци за лекувањето. Кога ја изгубила косата, носела перикаа истакнала дека Том не ја третирал нималку поразлично.

„Кога доаѓав дома, ја вадев мојата перика пред него, а пред последната серија на хемотерапија, отидовме на првиот заеднички одмор“, раскажува таа.

„Не мораше да остане покрај мене, но остана. Јас сум на хормонска терапија до 2020 година, што значи дека до тогаш сум неплодна, а ние решивме да немаме деца во следните пет години, што е уште еден круг на борба кој ни следува“, вели таа.

рак3

Но, сепак ги поминале сите тешкотии заедно и сега е сигурна дека ја нашла својата сродна душа и љубовта на нејзиниот живот.

Извор: Точка.мк

Поврзани вести

Back to top button