Уапсени девет командоси: Стигнале со хеликоптери и сакале да го убијат претседателот Ердоган

Објавено: понеделник, 1 август 2016 во 12:15
Spread the love

Турските власти соопштија дека при операција во околината на туристичкото место Мармарис на турскиот брег на Егејското Море денеска се уапсени деветмина, кои се осомничени како дел од групата која изврши напад врз истоимениот хотел, во којшто претседателот Реџеп Тајип Ердоган беше на одмор при обидот за воен преврат на 15 јули.

Како што пренесуваат локални медиуми, властите информацијата за локацијата на осомничените ја добиле од локални ловџии. Потрагата по уште три лица продолжува.

Во операцијата се користени хеликоптери и беспилотни летала.

Ердоган бил во хотелот со своето семејството, кога доцна вечерта на 15 јули добил дојава за обидот за преврат и по препорака, било одлучено веднаш да биде преместен на друго, побезбедно место.

По настаните, претседателот изјави дека ако се задржал барем 15 минути повеќе во хотелот, најверојатно сега немаше да биде жив.