Избор на уредникотСвет

Турците за малку да завојуваат со Русија: Ракети бркале Su-24, го спасиле вештите маневри на пилотот (ВИДЕО)

Рускиот авион “Su-24” во четвртокот избегнал најмалку две противавионски ракети, истовремено давајќи и поддршка на сириската војска во јужен Ид

Каналот “Халеб Тудеј” објавил снимка на која се гледа како руски воен авион избегнува една од две ракети со маневрирање и пуштање на ракета мамка.

Сириските активисти тврделе дека проектилот од преносниот систем за воздушна одбрана MANPAD бил лансиран од турската опсерваторија во градот Каминас во јужниот дел на Идлиб, но овие тврдења не се потврдени.

Неколку сириски и руски воздушни напади ја таргетирале опсерваторијата во Каминас и притоа двајца турски војници загинале, а неколку биле повредени. Инцидентот се случил во текот на нападот под водство на Турција на положбите од Сириската арапска армија во јужен Идлиб.

“Типот на ракетниот систем Стингер и локацијата од која се лансирани, потврдуваат дека турските сили се обиделе да урнат руски авион околу Каминас во јужен Идлиб”, се наведува на еден профил на Твитер.

Потсетуваме, авионите Su-24 на руското воено воздухопловство извеле напад на терористи, што им овозможило на сириските трупи да ги одбијат сите напади.

Протурски милитанти со поддршка на турската артилерија ја пробиле одбраната на сириската војска на подрачјето Каминас и Најраба.

Сириските трупи уништиле еден тенк, 6 борбени возила на пешадијата и 5 камионети со муниција.

“За да ги спречат бандите да продрат подлабоко во сириска територија, на барање на сириската команда, авионите Su-24 бомбардираа вооружени формации на терористите кои се пробија. Тоа им овозможи на сириските трупи успешно да го одбијат сите напади”, се наведува од Центарот на помирување на завојуваните страни во Сирија.

Поврзани вести

Back to top button