Турците се исплашија – Русите воено ги опколија од сите страни
Турскиот весник Хуријет наведува дека Русија буквално ја опколила Турција од сите страни, со своите воени сили.
Весникот тврди дека Русија префрлиле голем број на борбени хеликоптери во Ерменија и испратила подморница и ракетен крстарач „Москва“ во Средоземното море во близина на турските води. Покрај тоа, секој ден расте военото присуство на руската војска во базата Латакија во Сирија.
Во Ерменија се префрлени 14 хеликоптери, од тие 8-Ми-24 (воени хеликоптери), додека останатите ги прават транспортните хеликоптери Ми-8. Бројот на воени Ми-24 може да биде зголемен на 15 до крајот на годината.
Во Латакија според проценките на весникот се наоѓаат околу 55 воени авиони на Русија, што е речиси два пати зголемен бројот, во споредба со периодот пред соборувањето на рускиот авион Су-24. Покрај авионот тука се и бројните ПВО системи, како и 15 тенкови и 30 борбени транспортери.
Хуријет заклучува дека тоа се податоци кои се достапни за јавноста, а прашањето е колку руската техника е скриена од очите на светот.