Свет

Трамп: Да им се забрани влез на муслиманите во САД

Кандидатот на републиканците за претседател во САД Доналд Трамп повика на муслиманите привремено да им се забрани влез во САД, пренесува агенцијата „АФП“.

Како што објавува агенцијата, оваа одлука би требало да биде на сила додека Конгресот не се изјасни за тоа.

Трамп во соопштението наведува дека анкетите на јавното мислење покажуваат дека Американците не ги сакаат муслиманите.

– Без разлика на анкетите, на сите им е јасно дека омразата е несфатлива. Од каде потекнува таа омраза и зошто, тоа мора да го утврдиме – наведува Трамп во соопштението.

Според Трамп, САД не може да бидат жртва на ужасни напади на луѓето кои веруваат во џихад и немаат чувства, ни почит за човечкиот живот.

Поврзани вести

Back to top button