Живот

Тест кој ќе открие рак пред тој да стане смртоносен

Тест кој може да открие рак пред тој да стане смртоносен, може да биде достапен во рок од десет години, според едно ново истражување.

Научниците по 5-годишна студија идентификувале листа на 788 биомаркери во крвта. Овие биомаркери се знаци кои укажуваат на присуство на рак во телото, дури и ако пациентот не покажува никакви симптоми.

Со оваа информација, истражувачите се надеваат дека ќе се развие тест на крвта што може да открие различни видови на рак, многу рано.

Тестот ќе им овозможи на лекарите да идентификуваат рак пред истиот да се рашири низ телото, овозможувајќи им на пациентите да се третират веднаш.

Оваа студија беше спроведена од конзорциумот за рано откривање на ракот (ECDC), група од 40 организации, вклучувајќи ги универзитетите, болниците и меѓународните компании.

Поврзани вести

Back to top button