Свет
Терористички напад на воена база во Русија
Шест војници загинаа, а десет се повредени во терористичкиот напад на воена база во руската република Чеченија.
Моментално се спроведува идентификација на терористите, додека армијата се обидува да ја деминира целата територија на воениот град.
Руската ФСБ претходно изјави дека силите на Руската национална гарда се распоредени во северниот дел на Кавказ, за да извршуваат контратерористички операции.