Свет

Станува опасно! Сириските Курди ja плашат Турција со “голема војна” со Русија

Русија ветила дека ќе ги заштити курдските борци во Сирија во случај на инвазија од Турција, затоа сличен чекор од Анкара може да доведе до “голема војна”. Тоа го изјавил за Bloomberg шефот на претставништвото на Сириски Курдистан во Москва- Роди Осман.

“Русија ќе реагира на инвазијата. Тоа ќе влијае не само Курдите, таа ќе го брани територијалниот интегритет на Сирија “- изјави Осман. Тој истакнал дека офанзивата би се развивала побрзо без борбата на Турција.

За возврат претставникот на умерената сириска опозиција во Москва -кадри Џамил соопштил дека освен поддршката од воздух, Русија ги снабдува сириските Курди со муниција, а сириската армија води воените дејствија против ИД во координација со курдските борци.

Веќе недела дена турската тешка артилерија нанесува удари по региони со сириски Курди северно од Алепо и по позиции на сириската армија.

САД на 14 февруари ја повика Турција на воздржаност и да го прекине бомбардирањето на Курдите во Сирија, меѓутоа Анкара одби да направи отстапка.

Поврзани вести

Back to top button