Избор на уредникотМакедонија

Српски полицајци: Нема ден и ноќ ќе помагаме се додека не држат рацете и нозете

Центарот на селото Стајковци вчера личеше на едно глобално село. На секој агол може да се сретнат волонтери кои се договараат и разговараат на англиски, француски, македонски, чешки, српски, па и бугарски јазик, пишува ДНЕВНИК.

Помошта за македонските граѓани стигнува од секаде. Вчера центарот на селото беше заземен од десетици наши војници и специјални единици, десетина противпожарни возила од Србија, извидници од Франција и Чешка, а се очекуваат да дојдат и од Босна, Хрватска и од Србија.

По големата катастрофа, жителите сега полесно ја прифаќаат реалноста кога гледаат дека стотици луѓе доаѓаат да им помогнат. На дел од улиците по кои може да се минува, оти или водата ги поплавила или ги урнала, се разминуваа возила на македонската војска и српската единици. Со подигната рака едни со други си дадоа знак.

Драган Дончевски, по татко Македонец од Kрива Паланка, а по мајка Србин, роден во Земун, дошол во Македонија како одговорен на полициските сили што српското МВР ги испрати во нашата земја.

Го сретнавме токму во колоната што се разминува.Kога станува збор за трагедија од овие размери, нема пречка што може да и се испречи на хуманоста.

Роден сум и со години работам во Србија, македонскиот не го владеам, ама разбирам се. Уште вечерта во саботата кога слушнавме што се случува на Македонија, ние се подготвивме, чекавме само знак. Kога се договорија нашите министерства, ние веќе бевме овде. Црпеме вода од куќите, но и чистиме каде што се може. Организацијата е добра, иако во овие времиња тешко дека некој може да остане прибран. И ние во Србија имавме доста поплави кои зафаќаа поголем простор и имаше многу загинати. Жртвите и штетата што се предизвикани ни говорат дека станува збор за невидена катастрофа и голема несреќа. Неизмерно сочувствуваме и искрено сакаме да помогнеме, не избираме ден и ноќ, се додека не држат нозете и рацете, ќе помагаме – вели Драган.
До него е и Дејан Станковиќ. Најмногу жалам за луѓето што се удавија. Се друго ќе се поправи, еве помагаме и ние. Гледам има многу странци што помагаат, иако јас сметам дека ние Србите во Македонија не сме само странци. Нас се уште не врзува една голема емотивна нишка. Може и затоа многу се вознемиривме кога слушнавме што се случи. Ние никогаш нема да заборавиме колку ни помогна Македонија кога ние се соочувавме со ваква природна катастрофа. Политики може да има многу, но кога станува збор за помош и човечност, сите сме на нозе – вели полицаецот Стојановиќ додека ја брише потта што се слева по неговото лице.

Повече во ДНЕВНИК

Поврзани вести

Back to top button