Сорос: Додека Русија се воздигнува, ЕУ се урива

Објавено: вторник, 21 јуни 2016 во 12:50
Spread the love

Американскиот милијардер Џорџ Сорос на вчерашниот собир на „Отворена Русија“ изјави дека Русија се воздигнува додека Европската Унија се урива.

Собирот во Лондон беше во организација на движењето „Отворена Русија“, чиј основач е Михаил Ходорковски, познат критичар на Кремљ.

– Тоа се случува на истиот начин како кога ЕУ почна да цвета во време кога Советскот Сојуз почна да се распаѓа – истакна Сорос.

Според неговите зборови, евентуалниот колапс на ЕУ би му помогнал на Владимир Путин да ја задржи власта во Русија, оти со распадот на Унијата би исчезнале барем дел од санкциите против Федерацијата.

– Нешто повеќе, Путин ќе може да добие значителни економски интереси со поделбата на Европа и да ги искористи врските со антиевропските партии – истакна Сорос.