Силна храна во борба против ракот
Умереноста во се, вежбањето и здравата храна се важни кога станува збор за квалитетот и за долг живот. Околу умереноста и вежбањето не можеме да ви помогнеме, мора нешто да превземете сами, но околу намирниците кои имаат најсилно антиканцерогено дејство, во тоа можеме и ќе ви наброиме, а вие обидете се често да ги воведувате во исхраната.
Зелка
Зелката на организмот му дава клучно и неопходно гориво да се бори против одредени облици на канцерот. Додавајте ја во секој оброк.
Грашокот докажано содржи фитохемикалии кои штитат од рак. Додавајте го по малку во секоја манџа, тестенини и сосови.
Сладок компир
Исклучителен извор на бета каротен и влакна. При подготвување избегнувајте да ја лупите кората кога и да можете и секогаш бирајте сладок компир, а не бел.
Грозје
Црното грозје има голема концентрација на ресвератрол кој влијае на делбата на канцерогените клетки. Освен како ужина, грозјето конзумирајте го и како вино. Макар по една чаша дневно.
Цитрон
За разлика од останатите овошки, цитронот има помалку шеќери, а подеднакво многу витамин Ц. Директно влијае на отпорноста на организмот. Од него правете свежо цедени сокови, а можете да го користите и наместо оцет во салати.
Лубеница
Лубеницата е значаен извор на витамин А и Ц. Најдобро е да се јаде на резанки, а можете од неа да подготвите и интересни салати и десерти.
Брокула
Брокулата содржи сулфорафан кој може да го забави ширењето на болеста. Нејзиното значење е докажано во одредени клинички испитувања. По можност јадете ја варена.
Прокељ
Освен што спаѓа во групата здрави намирници, прокељот е лидер во борбата против штетното влијание на слободните радикали.
Кељ
Пребогат е со витамин А и Ц и совршено штити од штетното влијание на слободните радикали. Од него што почесто правете чорба или салати.