Свет

Шефот на Мосад: Ердоган смета дека Турција треба да ја освои Европа, Русија и САД и тоа е негова божја улога

Поранешниот шеф на израелската тајна служба Јаков Кедемах изрази негов личен став зошто Турција има агресивна политика кон Русија. Во интервју за московскиот весник КП, рече: “Ердоган секогаш така се однесува. Не само агресивно, туку и провокативно. Тој беше оној кој односите со Израел ги донесе до ниво на целосно затегнување.

Тогаш дури и јавно вети дека трговски бродови кои пловат кон Газа ќе бидат следени од турски воени бродови. Потоа Израел му одговор: Нека пловат, ако не ви е жал за воените бродови. Затоа на тоа само остана. ”

Keдемеах нагласува дека агресивната реторика на Ердоган ја “крие неговата беспомошноста и неможноста да направи нешто.”

Тој, исто така, нагласува: “Главното не се зборовите на Ердоган, туку неговата идеологија. Фокусна точка на оваа идеологија е верувањето дека тој, односно Турција има историска мисија во светот, да ја создаде Турската исламска цивилизација. Тој таквата политика ја води од моментот на доаѓањето на власт. Тоа е причината зошто, од самиот почеток флертуваше со Арапите обидувајќи се да им објасни дека турската империја не била колонизирачка.

Ердоган сака да каже:. „Целта на Турција е да ги ослободи Арапите од влијанието на европската цивилизација”

Kедемах е убеден дека Ердоган смета дека Турција треба да ја освои Европа, но, исто така, и Русија и САД и тоа е негова божја улога. Тоа не и успеа на Отоманската Империја, иако пристигнала до Виена, и тој смета дека со него започнува новата ера.

– Главниот лост на турското и на Ердогановото влијание во арапскиот свет – укажува Кедемах – е организацијата на Муслиманското братство. Ердоган е нејзиниот главен покровител и финансиер. Тоа е причината зошто тој го поддржа државниот удар во Египет и нејзиниот поранешен претседател Мохамед Морси, со кој на власт дојде Муслиманското братство.

Затоа го поддржа државниот удар и немирите во Тунис и Сирија, а ги поддржува и Туркмените кои се ‘рбетот на Муслиманското братство во земјата. Затоа тој се обидува да го собори Асад кој е најуспешниот противник на Муслиманското братство. ”

“Турција е мултинационална и мултиконфесионална држава. Нејзиниот најголем проблем се Курдите. Интегритетот на Турција и нејзината стабилност зависи од курдското малцинство. Затоа, потиснување на Курдите е една од целите на Ердоган. Тоа е причината зошто, ситуацијата ескалираше со Курдите. Под изговор на борбата против Исламската држава почна да ги бомбардира позиции на Курдите во Сирија. Нему му беше потребена очигледна закана за да може да удри по Курдите во Турција. ”

Keдемах укажува дека фундаменталистичкиот исламизам е идеологијата на Ердоган и дека тој ги изразил своите цели наведени во книгата за “Длабочинската стратегија”:
– Ердоган во книгата отворено ги презентира своите планови. Исто како Хитлер што ги образложува во својата книга  “Мојата борба”.

Поврзани вести

Back to top button