Живот

Секој ден јадете по еден грст од оваа храна и продолжете си го животот

Понекогаш имаме впечаток дека во денот нема доволно часови за да го постигнеме сè она што сме го зацртале. Меѓутоа, наместо да се обидуваме секој ден да го направиме подолг, зошто да не си го продолжиме животот за две години? Сè што е потребно е да јадеме еден грст јаткасти плодови.

Само 30 грама јаткасти плодови дневно би можеле да ни го продолжат животот за две години, пишува Daily Mail. Зад овие тврдења стои истражување кое открило дека луѓето кои редовно јадат јаткасти плодови живеат подолго и го намалуваат ризикот од смрт предизвикана од рак и болести на срцето.

Кога станува збор за жените, конзумирањето на само две раце од овие плодови неделно, може да го продолжи нивниот живот подеднакво како и џогирањето четири часа неделно.

Истражувачите од Хардвард откриле дека жените кои имаат висок ризик од болести на срцето можат да го преполоват ризикот со конзумирање на една лажичка путер од кикирики еднаш дневно.

И покрај тоа што постои мислење дека јаткастите плодови дебелеат, истражувачите врз основа на 20 претходно спроведени студии кои се занимавале со врската меѓу јаткастите плодови и тежината, заклучиле дека тоа не е случај.

Луѓето кои секој ден јаделе по еден грст јаткасти плодови дневно, или добивале незначителен вишок килограми, или воопшто не се дебелееле, или пак, всушност ги губеле килограмите.

На пример, едно истражување ги следело учесниците кои во период од три месеци секој ден јаделе 120 ф`стаци, а резултатите покажале дека не се здебелиле ниту еден грам.

Сепак, како е можно 300.000 калории да исчезнат туку така? Една теорија тврди дека многу делови од јаткастите плодови поминуваат низ нашиот гастро-интестинален тракт несварени – што ги прави 10 остсто од исчезнатите калории.

Фактот што овие плодови нè прават посити од другите намирници покрива 70 остсто од преостанатите калории, додека резултатот од последните 20 е забрзување на метаболизмот – кога ги јадеме согоруваме повеќе сопствени масти.

Поврзани вести

Back to top button