Свет

Руски агенти го уапсиле озлогласениот припадник на ИД, Лавдрим Мухаџери

Озогласениот Лавдрим Мухаџери, познат како водач на албанските џихадисти во Сирија, кој ја згрози светската јавност како сече глави на млади момчиња, е уапсен во неговото родно место, Качаник во Косово, јави порталот Албеу, повикувајќи се на емисијата „Le Iene“ во Италија.

– Мухаџери го уапсиле руски агенти, кои, во врска со неговото апсење,имале средба со претставниците на косовската тајна служба.. Руските агенти се стационирани подрачјето на Босна,Србија и во Косово,-тврди авторот на емисијата повикувајќи се на сигурни безбедносни извори.

Тој исто така наведува дека Мухаџери се сомничи дека е вклучен во уривањето на рускиот авион во Египет,кога загинаа 224 патници.

Официјална потврда за ова од косовските власти нема но новинарот тврди дека тоа му го потврдил жител на Качаник исто така членна ИД.Тој уште рекол дека Мухаџери бил ранет.

-Се слушна само неколку истрели и толку.Го зедоа него но беше ранет,-изјавил тој.

Неодмана беа пласирани инфомации дека Мухаџери се крие,најпрво во Србија на границата со Косово а потоа и во Македонија во подрачјето на Тетово. Веднаш по овие информации албанските џихадисти објавија вест дека Мухаџери е тешко парализиран и оти подолг период не излегол од кампот. Други медиуми пренесоа вест дека има раздор меѓу џихадистите и оти нов лидер сега е Алмир Даци имам од албанскот град Подградец,што е можна причина Мухаџери да побегне на Балканот.

Поврзани вести

Back to top button