Свет
Путин забранил вработување на Турци во Русија
Од 1 јануари се стопира извозот на храна од Турција кон Русија, чартер-летовите меѓу двете држави и безвизниот режим.
Претседателот на Русија Владимир Путин потпишал указ за примена на посебни економски мерки спрема Турција. Со документот се воведува забрана, односно ограничувања за организации во Турција или се контролирани од нејзини граѓани да вршат одредени видови активности на територијата на Русија според листа составен од руската влада. Со указот, од 1 јануари 2016 година Русија забранува увоз на храна од Турција, престанува дејството на безвизниот режим со Турција и се укинуваат чартер-летовите меѓу двете земји. Покрај тоа, од 1 јануари 2016 година им се забранува на работодавците да вработуваат турски државјани.