Живот

Дали сланината и колбасите нѐ убиваат

Сланината и колбасите повторно се на удар бидејќи Светскиот фонд за истражување на рак изнесе тврдење дека тие месните производи се поврзани со рак на дебелото црево. 

Агенцијата за истражување на рак (IARC), која работи под покровителство на СЗО, уште порано месните производи како сланината, колбасите и шунката ги вброи во првата група, заедно со цигарите, азбестот и дизелските гасови, за кои постојат „доволно докази‟ дека можат да предизвикаат рак.

Сега и Светскиот фонд за истражување на рак објави слични заклучоци, прецизирајќи дека конзумирањето на ова месо може да предизвика различни типови на оваа болест во долниот дел на стомакот.

На секои 50 грама месни производи кои се внесуваат во текот на денот, секој ден – еквивалент на една виршла, ризикот од рак на долниот дел од стомакот се зголемува за 18 отсто, стои во истражувањето. Статистиката навистина е застрашувачка, меѓутоа тоа не значи дека секој залак сланина или виршла автоматски е смртоносен напад на вашето здравје. Ако јадете месни производи секој ден, тој ризик е реален и навистина алармантен иако не е единствен кој влијане за појава на оваа лоша болест.

Меѓутоа, примариус доктор Петар Баровиќ, вели дека треба да се почне од причинителот, а тоа е дека стоката се одгледува индустриски.
– За да се забрза растот и развојот, да се здебели стоката и се даваат штетни концентрати, често и хормони, антибиотици, со цел што побрзо да се здебели се лоцира штитната жлезда, на кокошките се даваат седативи да не се клукаат и да не се убиваат на мал простор и ние сето тоа го јадеме во тоа месо. Посебно се проблем свињите, тие се хранат со фекалии, сакаат да јадат глувци, па поради тоа се заразуваат од трихинела. Организмот ако има вишок материи тој ги претвара, па така и салото и сланината практично се отпадни материи. Ако јадеме сланина, тогаш чварките во организмот создаваат слободни радикали, а тие можат да предизвикаат рак, срцеви и мозочни удари – објаснува лекарот.

Месото е важен извор на протеини и не треба по секоја цена да се исфрли од исхраната. Меѓутоа, јадете месо, а не месни производи.

– На месните производи се додаваат шеќер и сол, за да не се расипува, а на пример, на колбасите се додаваат адитиви за вкус за да останат свежи – предупредува лекарот.

Овие адитиви можат да поттикнат развој на рак, а производите кои ги имаат на пакувањата имаат шифри E-620 до E-633 и на нив треба да се обрне внимание. Инаку, месните производи уште порано, поради дебелењето, се одредени како еден од главните причинители на уште 10 други видови на рак. Притоа, ракот на дебелото црево почесто се јавува кај мажите отколку кај жените, а светските експерти ги отфрлуваат обвинувањата на луѓето од месната индустрика дека овие заклучоци се претерани.

– Ние сега, првпат со сигурност можеме да кажеме дека конзумирањето на месни производи исто како и дебелината, го зголемува ризикот од развивање на рак на долниот дел на стомакот. Ова не го велиме да заплашиме некого, туку луѓето подобро да разберат дека промените во исхраната и буквално можат да им го спасат животот – велат од Светскиот фонд за истражување на рак и истовремено предупредуваат и дека алкохолот влијае на појава на рак на дебелото црево. Сите кои конзумираат три или повеќе алкохолни пијалоци секој ден спаѓаат во ризична група.

Не помага тоа што месото е „домашно‟

И чаденото и прженото месо иако е вкусно и домашно, лекарите свртуваат внимание дека е уште поштетно.

– Ако ја пржите храната на висока температура, доаѓа до нови оштетувања на храната и маснотиите стануваат по штетни. Сите сакаме чадено месо. Ако храната се чади според прописи тогаш тоа е друга приказна. За жал, многу мали а и големи производители тоа го прават на начини користејќи разни средства и ние сето тоа го јадеме – вели др. Боровиќ.

Поврзани вести

Back to top button