Путин издал наредба: Русите ќе ги штитат Курдите од Турција
Рускиот претседател Владимир Путин и одобри на руската армија и на разузнавачките служби да го заштитат курдскиот народ од Турција, која се заканува дека ќе спроведе “етничко чистење” против сите Курди.
Оваа наредба Путин ја објаснува велејќи дека Турција сега се смета за „непријателска и воинствена закана”. Ова следува по заострените односи меѓу двете земји по соборувањето на авионот,, но и поради доказите дека турската влада соработува со ИСИС.
Претходно, Русија излезе со докази за турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и неговото семејство шверцувале нафта од Исламската држава.
Русија се доближи до Курдите, по средбата со рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров со лидерот на прокурдската партија во Турција, Селатинn Демиртас, кој открил „мрачни тајни” за Турција.
Една од нив беше и обвинението дека Турција го соборила рускиот авион, со претходна дозвола од САД.
Турскиот претседател Ердоган пак, денеска го обвини неговиот руски колега Владимир Путин дека руската поддржувачка политика со сириските Курди е само „масло на огнот”.
Ердоган го обвини и лидерот на прокурдската опозициска Народна демократска партија (ХДП) Селахатин Демиртас за „провокација и предавство“, поради изјавата за поддршка за курдска самоуправа на југоистокот на Турција.
Ердоган изјави дека народот и законот ќе придонесат партијата и лидерите на Курдите „да ја научат лекцијата“.