Свет

Путин и Асад ја започнаа најголемата офанзива во Сирија

Руските воздушни сили им помогнаа на сириските провладини сили да изведат офанзива во десет правци и тоа по прв пат откако во таа земја во 2011 година започна граѓанската војна, изјавија денеска руските генерали.

– Во овие моменти, стратешката иницијатива на нападите во речиси сите правци е во рацете на сириските сили. Активно се борат така да отпорот на припадниците на Исламската држава порано или подоцна ќе биде скршен, се дознава од круговите на руската војска.

Од почетокот на војната, сириските сили најчесто беа во дефанзива, но две недели откако Русија ги започна своите напади, во офанзива преминаа и сириските сили, јавува Спутник.

– Од 15 боишта на кои се бориме, на 10 сме во офанзива. Изминативе месеци сириската војска се промени – се појави желба за напрадување, како и поголема самодоверба, изјави рускиот генерал Валериј Герасимов.

Од почетокот на воздушните акции, руските воздушни сили изведоа повеќе од 6.000 напади чии цели беа терористучки кампови и складишта.

Поврзани вести

Back to top button